Дома Фудбал Капело: Зидан замина за да не добие отказ, ќе си оди и Роналдо

Капело: Зидан замина за да не добие отказ, ќе си оди и Роналдо

Легендарниот италијански тренер Фабио Капело даде свое видување за шокантната одлука на Зидан да го напушти комилото на Реал Мадрид.

Капело и сам во два наврате беше на кормилото на „кралевите“, одлично го позната Флорентино Перез и смета дека Зидан заминал бидејќи раководството немало доверба во него.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Покажа каков човек е, достоинствен пред се. Знаеше дека Реал нема доверба во него, бидејќи ако не ја освоеше Лигата на шампионите ќе добиеше отказ. Поради тоа Зизу не донесе некој друг да донесе одлука за него. Го познавам Флорентино Перез и знам уште пред три месеци дека му спремаше отказ на Зизу ако не ја освоеше ЛШ“, истакна Капело.

„Перес сака да биде и претседател и тренер, ако победуваш е среќен, ако не освоиш трофеј тогаш ти си виновен. Зидан беше сврзно ткиво во клубот, тој се залагаше за нов договор за Роналдо, му даваше предност во однос на Бејл. Сега Роналдо би можел да замине. Мислам дека неговата желба е да се врати во Манчестер Јунајтед“, додаде искусниот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…