Капитенот на Атлетико Мадрид правеше свадба, а со еден гест го воодушеви целиот свет.
Уругвајскиот репрезентивец кој е познат по борбената игра во средата вечер правеше свадба на која присуствуваа бројни негови соиграчи од Мадрид помеѓу кои беше и неговиот голем пријател Антоан Гризман.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Французинот направи хаос кога се појави аеродромот, огромен број луѓе се собраа за да го дочекаат освојувачот на Мундијалот и без сомневање прва ѕвезда на „јорганџиите“.
Годин за свадбата резервираше цел хотел, а донесе и една важна одлука.
Имено, тој со својата сопруга одлучи сите подароци од свадбата да ги подари во хуманитарни цели.
Сосема јасно е дека Годин од своите пријатели фудбалери добил скапоцени подароци и за колкава вредност станува збор засега не е познато, но сигурно можеме да му симнеме капа.