Во среда Македонија и Ерменија ќе играат натпревар кој ќе го даде победникот од нашата група и патникот во Лига „Б“ за наредната сезона од Лигата на Нации.
Ерменија вчера ја победи Грузија и така Грузијците испаднаа од можноста да бидат првопласирани. Нас во натпреварот во среда ни е доволно и реми за да останеме први.
Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓
Иако Македонија за овој дуел ќе биде ослабена со неиграњето на голем дел од првотимците, сепак селекторот на Ерменците, Капарос знае дека нема да им биде лесно со нас.
„Пред нас е еден тежок натпревар. Натпреварот ќе биде специфичен затоа што на Македонија и недостасуваат многу играчи, но и ние сме во комбиниран состав. Македонците и вака ќе бидат опасни затоа што играат тимски, нивната сила е во тимот, не во поединци. Очекувам изедначен натпревар, ние секако ќе се обидеме да победиме“; изјави Капарос.