Дома Фудбал Останато Кантона: Мундијалот во Катар е човечки хорор

Кантона: Мундијалот во Катар е човечки хорор

Легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона изјави дека Светското првенство во Катар е „човечки хорор“ и дека нема да гледа ниту еден натпревар од Мундијалот.

„Нема да гледам ниту еден натпревар. Уште кога бев дете, тоа беше настан кој го сакав, го чекав и гледав со страст. Но, ова Светско првенство нема никакво значење. Уште полошо, тоа е ненормално. Катар не е фудбалска земја, нема жар, нема вкус. Еколошка катастрофа, со сите тие стадиони и клима уреди. Какво лудило, каква глупост“, напиша Кантона на социјалните мрежи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Ова е човечки хорор. Колку илјадници загинаа за да се изградат овие стадиони кои два месеци ќе ги забавуваат луѓето…И никој не се грижи. Не сакам да учествувам на овој маскенбал, без разлика дали Франција ќе победи или загуби. Има работи кои се поважни во животот од фудбалот“, додаде Кантона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тотенхем со изненадувачка понуда за дефанзивецот на Ливерпул

Тотенхем преговара со Ливерпул за доведување на Анди Робертсон, јавува “Атлетик̶…