Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Ерик Кантона изјави дека Луис Саурез е еден од најдобрите актери меѓу фудбалерите и дека глупни „порно сцени“ кои не треба да ги гледаат деца.
Французинот вели дека натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ во осминафиналето од Лигата на шампиони го потсетил на порно филм.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Суарез повеќе не гризе, сега е падавичар. И тоа не баш добар. Премногу драми, ги става рацете на врат. Тоа е фудбалски порно филм и на децата не треба да им биде дозволено да го гледаат“, изјави без влакна на јазикот Кантона.
Барселона во тој историски натпревар на „Камп Ноу“ славеше со 6:1, откако во Париз загуби со 4:0.
„За некои тоа беше чудо, за некои најголема измама на векот. Во секој случај, беше епски натпревар. На теренот беа само 12 луѓе кои навистина веруваа дека Барселона може да оди понатаму, Нејмар и 11 играчи на ПСЖ“, брутален беше Французинот.