Челзи ова лето направи мала реконструкција на тимот, но имаше конфузен старт на сезоната што доведе до тренерска смена.
Летово клубот го напуштија играчи како Ридигер, Лукаку, Кристенсен, Алонсо итн., а по нивните стапки би можел да тргне и Нголо Канте.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Одличниот Французин има договор со „сините“ само за уште 12 месеци и се уште нема најави за продолжување на соработката.
Канте на крајот на сезоната ќе има 32 години, а „сините“ почнаа со подмладување на тимот. Таквата ситуација ќе се обиде да ја искористи ПСЖ и да го доведе во своите редови.
ПСЖ летово го засили средниот ред со Витиња, Ренато Санчез и Фабијан Руиз, но според тамошните медиуми, Луис Кампос очигледно мисли дека на овие играчи им е потребна поддршка од некој кој знае како да ги освојува најважните трофеи.