Maнчестер Сити денес потпиша нов договор со Жоао Кансело со кого ја продолжи соработката на дополнителни две години.
Новиот договор на Кансело истекува во јуни 2027 година. Во редовие на Сити Кансело пристигна во 2019 година и од тогаш одигра 106 натпревари за англискиот гигант. Епизодата на Кансело во Манчестер Сити не започна баш најдобро и често беше на клупата, меѓутоа во последните 18 месеци стана незамнелив дел од тимот на Гвардиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„За мене нема подобро место за играње фудбал од тука и задовлство е да се работи во овој клуб. Сакам уште многу да постигнам во мојата кариера. Манчестер Сити ми ги понуди најдобрите шанси за такво нешто“, изјави Кансело.
Во кариерата Кансело го носеше дресот уште на Валенсија, Интер и Јувентус.