Јувентус покажува силен интерес за десниот бек на Тотенхем, Киран Трипие бидејќи верува дека ќе биде идеална замена за Жоао Кансело.
Кансело е офанзивен бек кој не се вклопува со стилот на Маурицио Сари, па „старата дама“ се согласи да го продаде ова лето за 50 милиони евра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Јувентус веруваат дека бекот на Тотенхем идеално ќе се вклопи во нивниот тим и можат да го донесат во Торино за 30 милиони фунти.
Трипие годинава немаше најдобра сезона во Тотенхем, а „спарси“ планираат ова лето да потрошат пари на засилувања, па 30 милиони евра од трансферот на нивниот бек ќе бидат добродојдени во касата на клубот.
Силен интерес за Кансело покажува Манчестер Сити, кој е спремен да плати 50 милиони евра за 25-годишниот Португалец. Последните информации од Италија се дека двете страни се блиску до договор и Канзело наскоро и официјално ќе се пресели на „Етихад“.
Веднаш штом ќе се реализира тој трансфер „бјанконерите“ веднаш ќе тргнат во офанзива по потписот на Трипие, за кого се заинтересирани уште Атлетико Мадрид и Наполи.