Младиот француски репрезентативец и член на Рен, Едуардо Камавинга привлече вниманието на многу европски гиганти.
18-годишниот играч за врска оваа сезона добива се поголема минутажа во тимот на Рен и ги импресионираше фудбалските критичари кои му предвидуваат блескава кариера.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Зидан сака да го донесе во своите редови, па Реал веќе остварил првични контакти за ангажман на Камавинга и спремил понуда од 50 милиони евра.
„Се разбира дека е пријатно да слушнеш како голем клуб се интересира за тебе, но треба да ја чувам главата „ладна“. Треба да го почекаме крајот на сезоната, па да видиме што ќе се случи. Се разбира дека Реал е сон за секој фудбалер“, изјави Камавинга.
Камавинга веќе доби повик и за француската репрезенација и важи за еден од најголемите таленти во Европа.