Денес во спортските медиуми се појави вест дека Кевин Принс Боатенг ќе се пресели во Барселона.
Набрзо потоа „Калчомеркато“ објави дека замената за Боатенг може да биде македонскиот напаѓач Илија Несторовски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во текстот се наведува дека стратегот на Сасуоло Де Зебри знае дека заминувањето на Боатенг ќе биде голем хендикеп за Сасуоло, па негова желба е ангажман на Несторовски.
Иначе, Несторовски во овој момент е повреден и ќе биде надвор од терените уште две или три недели.
Во досегашниот дел од сезоната Несторовски одигра 14 натпревари и постигна шест погодоци.