Дома Останати Тенис Калин по голема борба се избори за четвртфинале на турнирот во Сетубал

Калин по голема борба се избори за четвртфинале на турнирот во Сетубал

Македонскиот тенисер Калин Ивановски избори пласман во четвртфиналето на фјучрсот во португалскиот град Сетубал.

Тој денеска во 2.коло го совлада домашниот тенисер Франциско Роча (кој настапи со вајлд карта) со 2-0 во сетови (76(1) 63) за два часа и седум минути игра. Негов ривал утре во четвртфиналето ќе биде Жаиме Фарла од Португалија (20, 482.место АТП), кој пред десетина дена играше финале на фјучрсот во Синтра.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Во денешниот меч со Роча, македонскиот тенисер водеше голема борба во првиот сет. Ивановски направи брејк во 6.гем за водство од 4:2, но противникот го врати изгубениот сервис во 9.гем и намали на 5:4, а потоа изедначи и на 5:5 во гемови. Сетот беше решен во тај брекот, а по 1:1 на поени македонскиот тенисер освои шест во низа за 7:1. и водство од 1:0 во сетови.

Во вториот сет Ивановски ја потврди улогата трет носител со тоа што постојано имаше брејк шанса. Во првиот и во третиот гем од сетот Роча спасуваше по една брејк топка и поведе со 1:0 и 2:1, во петтиот гем спаси дури четири брејк топки за водство од 3:2. Но, потоа следуваше реализацијата на Ивановски и во седмиот гем ја искористи брејк топката за водство од 4:3, а потоа и во девттиот гем ја реализираше првата брејк и сет топка за 6:3 во гемови и конечни 2:0.

Инаку, утрешниот ривал Фарла денеска го победи седмиот носител Клеман Шиде од Франција со 2-0 во сетови (64 75).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Вистинско богатство: Познато колку заработил Надал само од големите турнири

Рафаел Надал ја заврши својата спектакуларна тениска кариера, а последниот натпревар го од…