Дома Останати Тенис Калин без настап падна за четири позиции на АТП листата

Калин без настап падна за четири позиции на АТП листата

Тројцата македонски тенисери кои имаат сингл ранг на АТП ранг-листата оваа недела бележат пад од четири позиции.

Калин Ивановски е најдоброрангираниот со 145 поени, а сега се наоѓа на 345.то место. Тој има и четири поени помалку од претходната недела, но падот на Ивановски на ранг-листата е од причина што тој нема настапи оваа година поради повреда на мускул. Ивановски повторно е во тренажен процес и се очекува наскоро повторно да биде дел од турнирите.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Горазд Србљак оваа недела е рангиран на 1069.то место со 10 поени, додека Обрад Марковски е на 1609.то место со 2 поена.

Во конкуренција на двојки Ивановски нема промени – 679.то место со 71 поени. Берг Бугариќ  е рангиран на 1353.то место со 16 поени (пад за три места), додека Обрад Марковски е на 1864.то место со 5 поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2134.то место со три поени (пад за шест позиции).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Шокантно тврдење: Алкараз намерно губел гемови

Поранешниот сопственик на неколку обложувалници во Русија, Михаел Салцман го обвини шпанск…