Maкедонскиот тенисер Калин Ивановски направи голим подвиг стигнувајќи до четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон со што стана првиот Македонец во ¼ финале на еден Гренд слем турнир.
Ивановски по победата во осминафиналето даде интервју во кое откри некои работи за себе.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Како е чувството да сте во четвртфинале на Вимблдон?
„Неверојатно…Ова е прекрасно искуство, претходно се радував на третото коло, а сега сум во четвртфинале и ова е најголем успех во мојата кариера. Не сум навикнат на вакво нешто, доаѓам од мала држава Македонија. Тоа што ја претставувам мојата држава тука е голема работа за мене“.
Во детството започнал прво да игра фудбал.
„Започнав прво со фудбал како најголем дел од момчињата, сестра ми играше тенис и поради неа почнав јас. Имав четири години и така се роди мојата љубов кон тенисот“.
Многу се коментира потегот на Ивановски од пред некој ден кога сервираше од под нога.
„Не го направив тоа да го омаловажам противникот. Имав голема резултатска предност и сакав да пробам. Претходно го вежбав тоа на тренинзите, па во ситуацијата со поголема предност имав можност да се обидам и на крајот излезе супер“, изјави Ивановски.