Манчестер Јунајтед вчера го потврди трансферот на 18-годишниот дефанзивец од Лил, Лени Јоро кој повеќе сакаше трансфер во Реал Мадрид, меѓутоа на крајот заврши на „Олд Трафорд“.
Тактиката на Реал Мадрид беше Јоро да остане уште една сезона во Лил, по што ќе му истече договорот со францускиот клуб и како слободен играч ќе се пресели на Сантијаго Бернабеу.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За разлика од Реал Мадрид, Манчестер јунајтед ја понуди бараната сума од Лил, фудбалерот најпрво одбиваше да потпише за англискиот клуб, но подоцна прифати.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо сега открива дека една од главните причини поради кои Јоро ја прифатил понудата биле заканите кои ги добил од Лил дека ако одбие ќе остане цела сезона на трибините.
„Лил изврши голем притисок врз Лени Јоро. Познато е дека Реал Мадрид беше еговиот сон. Но, Лил му рекол на играчот дека ако остане, ќе седи на трибините цела сезона доколку има намера да го напушти клубот без обештетување и да замине во Реал Мадрид како слободен агент следното лето“, oбјави Романи