Дома Фудбал Останато Како Челзи во минатото останал без Мбапе?

Како Челзи во минатото останал без Мбапе?

Килијан Мбапе откри информација за неодамнашно интервју за „Телеграф“.

Зборуваше за „прекрасното искуство“, прво во голем клуб. Имаше само 13 години. „Сините“ го повикале на проба, но не поминал. И како и секогаш во таквите ситуации навивачите се потсмеваат на управата на Челзи. А како тоа се случило? Во интервју за „Goal.com“ тогашниот скаут на лондонскиот тим Даниел Бога објаснува: мајката Фајза Ламари ја стопираше работата. Се враќаме во 2012. година…

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Го донесов со семејството. Беше вешт, како и сега. Играше против Чартлон, победија со 7:0“, започнува приказната… Клучниот состанок беше недела подоцна.

„Седевме во канцеларија. Му кажавме: ’Заводолни сме со тоа што го видовме од тебе, но мораме да те повикаме на уште една проба, па ќе видиме’. Се сеќавам и денеска што мајка му кажа. Зборуваше на француски, а јас преведував. Рече: ’Слушај, моето дете нема да се врати. Ако сакаат нека го земат сега или за пет години ќе се врати за 50 милиони евра“, рече мајка му.

Сега тие 50 милиони евра изгледаат премалку. ПСЖ за Мбапе плати 180 милиони! И Челзи виде дека станува збор за голем талент, но сепак не претпостави колку далеку ќе стигне тогаш 13-годишното дете.

„Беше многу вешт, но во Англија сакаат играчот да се враќа во одбрана, да е вреден работник. А во тоа време тој не беше вреден работник. Дефанзивно, не беше тоа. Кога ја имаше топката во нозете беше неверјатен. Без топката не можеше да се движи“, изјави Бога.

Шест години подоцна се е јасно. Но навистина, сега тоа е лесно да се каже.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Јокиќ има договор од 235 милиони евра, неговиот коњ со победа му донесе 375 евра – погледнете како прослави

НИКОЛА ЈОКИЌ имаше убав повод за славење вчера, слично како кога би освоил титулата во НБА…