Дома Фудбал Како Серхио Рамос го искористил Галиани за поголема плата, па го честел вечера на Ибица

Како Серхио Рамос го искористил Галиани за поголема плата, па го честел вечера на Ибица

Поранешниот трансфер гуру на Милан, Адриано Галиани за италијанските медиуми даде опширно интервју каде откри многу инетресни детали.

Покрај коментар за актуелната ситуација предизвикана од пандемијата со коронаворус, Галиани откри интересна анегдота со Серхио Рамос.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Бев во Мадрид на вечера со Анчелоти и некои директори од Реал Мадрид и во еден момент пристигна и Серхио Рамос. Седна до мене и почнавме да разговараме, па ме праша колкава е платата на Тиаго Силва во Милан. Откако му одговорив ми рече: „Точно толку пари и јас барам од мојот претседател“. После неколку дена го продолжи договорот со Реал“.

„Неколку месеци подоцна бев на вечера во Ибица и во ресторанот дојде Серхио Рамос. Дојде до мене се поздравивме и позборувавме малку. На крајот кога побарав да ја платам сметката ми кажаа дека веќе платил Рамос. Од тогаш сме во многу добри односи“, открива Галиани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…