Со само 32 години остана без клуб иако го носеше епитетот еден од најголемите таленти во фудбалскиот свет.
Маруан Чамак на 32 години остана без клуб откако го раскина договорот со Кардиф Сити. Мароканецот минатиот октомври стогна во велшкиот клуб, но не се снајде баш најдобро. Настапи на само два натпревари, а на терен помина вкупно 46 минути.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
За неговите одлични игри слушнавме уште кога играше во Бордо каде ја освои шампионската титула и се пресели во Арсенал. Венгер во него виде напаѓач кој долги години ќе го носи дресот на Арсенал, но не беше така.
Во три сезони во славниот лондонски клуб не покажа готово ништо, и во тие моменти неговата кариера тргна во надолна линија.Прво беше позајмен во Вест Хем, каде воопшто не играше, а потоа премина во Кристал Палас, каде во три сезони постигна само седум гола во 60 настапи.
Овој 32-годишен напаѓач кариерата ја започна во Бордо каде се афирмираше и си обезбеди трансфер во Арсенал. Меѓутоа не се снајде најдобро меѓу „топџиите“, па преку Вест Хем стогна до Кристал Палас каде беше се до 2016 година.
За репрезентацијата на Мароко постигна 18 гола на 65 натпревари…моментално е без клуб!