Интересна изјава во медиумите даде новото засилување за Барселона Сержињо Дест.
Сержињо Дест е новиот играч на Барселона. Американецот пристигна од Ајакс и веќе дебитираше против Севиља и се очекува да биде добра аквизиција поради можноста да игра на двете страни.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Американецот сега раскажа како поминала првата средба со Аргентинецот.
„Меси не зборува англиски, но беше посебно да се запознае. Да бидам искрен, не знам што ми кажа, но двајцата се смеевме, па веројатно се е во ред. Зарем не“, изјави Дест.