Вчера попладне силно одекна веста дека Монца го обзбедила потписот на супер талентот на Работнички Лука Станковски.
За Станковски постоеше интерес од многу клубови како: Наполи, Фенербахче, Динамо Загреб, Звезда…Познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио сега пишува како Монца успеала да го „грабне“ Станковски пред другите.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Клучна улога одиграл Звонимир Бобан кој до минатата година беше директор во Милано. Имено, тој го убедил Галијани да го доведе Станковски. Бобан на Галијани му испраќал и снимки за да го запознае за каков фудбалер станува збор.
„Горан Станковски (таткото на Лука) разговарал со Бобан, а потоа и му испратил снимки. Бобан брзо сфатил дека станува збор за фантастичен фудбалер. Така започнала работата. Потоа Бобан го контактирал Галијани и му се обратил со зборовите: Шефе, ова морате да го видите! И не требало многу, Лука му се допаднал и на тренерот Кристијан Броки“, пишува Ди Марцио.
Се додава и дека единствена мана на Станковски била дисциплината.
Како заклучок Ди Марцио потенцира: „Целта на Монца е од Лука да направи нов Милинковиќ-Савиќ“.