Златан Ибрахимовиќ се врати во репрезентацијата на Шведска и ќе го носи дресот со број 11.
Ибрахимовиќ неочекувано на 39 години се реши повторно да игра за Шведска, а одлучи сега да го носи дресот со број 11. Тој дрес во репрезентацијата му припаѓаше на младиот Александар Исак, но сега ќе го носи Ибра.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога Ибрахимовиќ заврши со играњето за репрезентацијата во 2016 година после Европското првенство го носеше дресот со број 10, тој број сега е на грбо на Емил Форсберг.
„Форсберг ми ја нудеше 10-ката назад, но јас сакав да носам 11. Се чувстував како да е ова некој нов Златан. Значи, ќе почнам со бројот 11, иако тие не ми се многу важни“.
11-ката Ибрахимовиќ ја побарал од Александар Исак кој му одговорил:
„Еве ти го мојот број, но сакам да ми го вратиш кога ќе завршиш со играњето за шест-седум години. Се надевам ќе ми го вратиш“.
Тој одговор го насмеал Ибра, но и сите во репрезентацијата кои го слават враќањето на Ибрахимовиќ во квалификациите за Светското првенство. Шведска квалификациите ќе ги започне во четврток против Грузија.