Бурни се реакциите во шпанската фудбалска јавност по вчерашниот натпревар помеѓу Валенсија и Реал Мадрид кој заврши без победник 2:2. Контроверзниот момент се случи во завршницата кога судијата Хесус Хил Манзано означи крај на натпреварот неколку секунди пред Џуд Белингам да ја затресе мрежата.
Манзано отсвири крај во моментите кога Брахим Дијаз нафрли, но само некоја секунда подоцна Белингам со глава ја погоди мрежата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Следуваа жестоки реакции на фудбалерите на Реал Мадрид, Белигнам доби и црвен картон, но тензии имало и откако го напуштиле теренот.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Винисиус удрил член на обезбедувањето во микс зоната, а нервите ги загубиле и Антонио Рудигер и Орлиен Чуамени кои искршиле дел од камерите.
Речиси да нема играч на „кралскиот клуб“ кој не беше хистеричен на социјалните мрежи по завршувањето на натпреварот на Местаља, можеби и со право затоа што со една одлука им беше одземена победата. Од останатите се разликуваше Лука Модриќ.
Хрватот место да се жали за ситуацијата, испрати порака за брзо оздравување на Диакаби кој заработи тешка повреда.
Espero que Diakhaby se recupere pronto. Mucha fuerza 🙏🏼
— Luka Modrić (@lukamodric10) March 2, 2024