Маурисио Покетино сака на сите да им стави јасно до знаење дека не можат така лесно да се уништат неговите планови.
Фудбалскиот клуб Тотенхем не само што не сака да остане без Хари Кејн, туку сака да го возврати ударот на Реал Мадрид и да го донесе Матео Ковачиќ.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што пренесуваат англиските медиуми, Покето го означи Ковачиќ како мета број еден, реално таков играч и му е потребен, да ја засили конкуренцијата на позицијата центарен играч за врска, зад триото Али, Сон и Ериксен.
Ковачиќ баш и не се наигра кај Зинедин Зидан, уште од „Ел Класико“, кога е означен за еден од виновниците за убедливиот пораз.
Ниту тоа не е се, Тотенхем исто така ќе се обиде да го донесе универзалецот од Јувентус, Квадва Асамоу, кому му истекува договорот на лето, а иако практично договори трансфер во Интер, Спарси ќе се обидат да го расипат тој договор.
Со овие двајца играчи, Тотенхем практично би бил покриен на сите позиции и следната сезона исто така би можел да се бори за врвот во Премиер лигата.