Летото освен што во фудбалот е познато по трансфер периодот е познато и по тоа што овој период се играат квалификациите за европските натпреварувања.
Во минатото сведоци сме биле дека во овој период во нашава земја гостува и поголеми европски клубови. Шкендија вчера победи на гости во квалификациите од Лигата на Шампионите против Номе Калју со 0:1 и ако помине во следната што и се очекува многу веројатно ќе игра против шкотскиот гигант Селтик.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Утре евро квалфикациите ги започнуваат и уште три македонски екипи кои за разлика од македонскиот шампион ќе се борат за влез во Лигата на Европа нешто што пред некоја година му успеа на Вардар.
Прв македонски претставник утре ќе биде Шкупи. Шкупи од 15:30 часот ќе игра на гости против добро познатиот противник за македонската спортска јавност ерменски Пјуник. Пјуник е познат најмногу поради тоа што прилепска Победа токму за натпреварот против овој клуб заработи голема казна од УЕФА. Освен тоа Пјуник играше и со Вардар. Коефициентот за победа на Шкупи во овој натпревар изнесува 6.25.
Веднаш по Шкупи од 17:00 часот Македонија Ѓорче Петров исто така ќе игра во Ерменија и тоа против Алкашерт. Победата на нашиот клуб се цени со коефициент 4.75.
За вечерта од 19:00 часот Академија Пандев која со освојувањето на Купот на Македонија обезбеди квалификации во ова натпреварување на домашен терен на арената „Тодор Проески“ ќе го пречека Зрињски. За клубот од Струмица ова ќе биде прв европски натпревар во нивната историја. Доколку типувате победа за Академија Пандев вие ќе си добиете квота 2.87.