Н’Голо Канте во фудбалскиот свет е познат како скромен играч со големо срце, па овој некој се обидел да го искористи и да пласира лага во медиумите.
Оваа недела во центарот на вниманието е исчезнатиот авион на Емилијано Сала кој исчезна во понеделникот околу 20:00 часот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, утрово се појави вест дека Н’Голо Канте се понудил сам да ја финансира потрагата по Сала која беше прекината после три дена.
Сепак, за жал како и многу пати во вакви ситуации некој лошата ситуација ја искористил за сопствена промоција.
Веста беше објавена на Твитер профилот на еден корисник, а како извор беше означен реномираниот „Тајмс“. Ова веднаш стана глобална вест и започна да се „шерува“ и „лајкува“. За на крајот да се огласи „Тајмс“ и да порача дека тие ваква сторија никогаш не пренеле и дека се работи за измама.
Ќе потсетиме, нешто слично се случи кога се урна авионот со играчите на Чапекоенсе. Тогаш излезе вест дека ПСЖ ќе донирал 40 милиони евра, но набрзо клубот мораше да излезе со демант во јавноста.
https://twitter.com/Paris_PourLaVie/status/1088523703380570112K