Нејмар не покажа премногу на Мундијалот во Русија, па многумина сметаат дека во последниот натпревар против Србија друг играч може да ја има клучната улога.
Рикардо Кака, легендарниот бразилски фудбалер кој ја освојуваше „Златната топка“, смета дека Србија ќе има проблеми да ги запре „Кариоките“, а како најголема опасност кон нивниот гол го истакна Фелипе Кутињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Групата е премногу силна, се надевам на Кутињо, тој е нашиот најодлучен играч“, изјави Кака.
Кога во прашање е Нејмар, Кака смета дека него му е потребно време во целост да се опорави од повредата и да заигра онака како што се очекува.
„Околу три месеци се опоравува, потребно му е време. Ќе видите дека ќе игра се подобро и подобро, како што првенството ќе одминува. Се надеваме дека Нејмар ќе биде 100% да му помогне на Бразил да стигна до 6 ѕвезди“.
„Забележителен е напредокот од натпревар во натпревар. Против Швајцарија сите беа нервозни, не само тој. Притисокот со кој се бори не е вообичаен. Мора да се избори со тоа, мораме да го заштитиме од критиките“, изјави Кака.
Натпреварот помеѓу Бразил и Костарика се игра утре со почеток во 20:00 часот.