Дома Фудбал Италија Кака знае зошто Роналдо се пресели во Јувентус!

Кака знае зошто Роналдо се пресели во Јувентус!

Поранешниот соиграч на Кристиано Роналдо, Рикардо Кака смета дека Португалецот ја донел одлуката за трансфер бидејќи му е потребна нова мотивација.

33-годишниот Роналдо направи трансфер од 105 милиони евра во Јувентус, а денес ќе биде претставен како нов фудбалер на „бјанконерите“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Кристиано има 33 години и секоја ситуација ја цени многу светсно. Одлуката да го промени Реал Мадрид со Јувентус е свесна. Тој знаеше дека е созреан моментот за трансфер. Можеби мислеше дека освоил се што може со Реал Мадрид, па затоа е време да направи нешто поинакво за да ја задржи неговата мотивација. Токму затоа ја одбрал понудата на Јуве и отишол во Италија“, смета Кака.

„Дали Јувентус привлече еден од најголемите на сите времиња? Мислам дека е така. Роналдо и неговата статистика зборуваат за тоа. Секој кој има привилегија да го следи или уште повеќе, да тренира со него, како што е и мојот случај, ќе ви го каже истото. Видов каков професионалец е, колку е силен. Неговото размислување е сосема поинакво и тој сè уште сака да биде на највисоко ниво. Мислам дека Роналдо ќе биде запаметен како еден од најдобрите во светот“, закличи Бразилецот кој играше заедно со Роналдо во Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Клоп разочаран им се извини и на навивачите

Ливерпул вчера неочекувано беше поразен во градското дерби против Евертон со 2:0 и така др…