Дома Македонски спорт Какабадѕе: Подобри сме од Македонија и тоа ќе го покажеме на терен

Какабадѕе: Подобри сме од Македонија и тоа ќе го покажеме на терен

Денес репрезентацијата на Македонија ќе патува за Грузија на историскиот натпревар во кој ќе се бориме за пласман на Европско првенство.

Во последните два месеци со Грузија одигравме два натпревари во новата сезона од Лигата на Нации и два пати ремизиравме со идентичен резултат (1:1). Во тие два натпревари ние добивме и две исклучувања, во првиот Висар Муслиу, а во вториот Столе Димитриевски.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Фудбалерот од одбранатан а Грузија, Отар Какабадзе порачува дека за него Грузија е подобра репрезентација и ќе се радува во четврток од 18:00 часот.

„Против Македонија игравме два пати и добро ги познаваме, со нетрпение го чекаме овој натпревар. Имаме добар тим и ќе направиме се што треба да победиме. Подобри сме од Македонија и тоа ќе го покажеме на терен. За нас ова е специјален натпревар, натпревар на нашите кариери, ќе дадеме се од себе да успееме. Жално е што нема да играме пред нашите навивачи, меѓутоа ќе ја чувствуваме нивната подршка“.

Торнике Окриашвили од средниот ред порачува дека обединетоста и поддршката која ја добиваат ќе им бидат мотив плус.

„Ќе го играме најавжниот натпревар за цела Грузија. Ние сме семејство кое диши како еден. Добивам многу пораки од наивачите, цела држава е во еуфорија. Имаме одлична атмосфера, Македонија е добра репрезентација и ги знаеме нејзините добри и лоши и страни“, изјави Окриашвили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Потписот на Пиоли со Ал Наср е добра вест и за Милан

Италијанскиот стратег, Стефано Пиоли во текот на вчерашниот ден беше промовиран на клупата…