Еспањол од следната сезона повторно ќе биде дел од шпанската елита.
Клубот од Барселона преку плејофот во Сегунда стигна до Ла Лига и набрзина се враќа таму каде што припаѓа.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Во реваншот од плејофот, Еспањол на домашен терен го победи Овиедо со 2:0, со што ги надополни 0:1 од првиот натпревар.
Апсолутен херој на Еспањол е Хави Пуадо кој со два гола во самиот финиш на првото полувреме го отвори патот на својот тим да дојде до Ла Лига.
Легендарниот Санти Казорла ги одигра последните половина час за Овиедо, но не помогна.
Покрај Еспањол, од следната сезона во Ла Лига ќе играат и Леганес и Ваљадолид кои претходно директно се пласираа.