Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Каземиро е решен да се бори за своето место во тимот и ќе остане на „Олд Трафорд“.
Интерес за 32-годишниот Бразилец има од Галатасарај, а преодниот рок во Турција се затвора следната недела.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Бразилецот имаше силна прва сезона на „Олд Трафорд“ откако пристигна од Реал Мадрид во 2022 година. Сепак, минатата сезона не беше толку успешна и оваа ја започна лошо па стана мета на критики.
Со доаѓањето на Угарте неговата минутажа значително ќе се намали,но сепак Каземиро е решен да ги одбие сите понуди и да остане во Манчестер Јунајтед.
Каземиро е најплатен играч кај „црвените ѓаволи“ и има неделна плата од 375.000 фунти, а таа плата не може да му ја гарантира ниту еден друг клуб.
🚨 BREAKING There is “zero chance” of Casemiro joining Galatasaray. 🇧🇷 #MUFC
— Topskills Sports UK (@topskillsportuk) September 5, 2024
The Brazilian is determined to stay at Manchester United.
He will reject any offer of a move. pic.twitter.com/8CQ1xCj81n