Директорот на агенцијата за Агенцијата за млади и спорт (АМС), Дарко Каевски на денешнатап рес-конференција ги објасни мерките кои Владата ги донесе за спортистите, спортските работници и кубовите, потенцирајќи дека пари ќе има за сите, па така и за оние со хорнорани договори.
„Направивме консултации со спортските работници и со националните федерации и увидовме дека голем број од спортистите се ангажирани со договор на дело или некаков друг вид на договор и затоа со уредбата на Владата ќе прочитате дека дополнително се опфатени и овие лица“, објасни Каевсски.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Покрај ова Каевски инфомираше и за дополнителни мерки:
– Помош во висина од 14.500 денари, за месеците април и мај ќе добијат сите клубови кои имаат регистрирано минимум 40 спортисти во младинските категории (до 18 години) во индивидуални спортови и минимум 80 млади спортисти до 18 години во екипните спортови.
– Покрај редовната поддршка, ќе АМС ги финансира тренинг-програмите на врвните спортисти од Македонија во индивидуалните олимписки спортови, кои ќе се подготвуваат за обезбедување норма за ЛОИ во Токио, идното лето.
– Намалување на цената на спортските објекти во сопственост на државата за 50 проценти и препорака до оопштините да го направат истото, со цел да се излезе во пресрет на клубовите и спортистите кои ќе ги користат овие објекти
– Ослободување од надоместок за котизација на клубовите кои треба тоа да го сторат до крајот на 2020 година
– АМС ќе обезбеди финансиски средства за реализација на националниот спортски систем на сите спортски федерации, до крајот на 2020 година
Прес-конференцијата на Каевски: