Aнхел Ди Марија се уште не донел одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Веќе подолго време Ди Марија се поврзува со Јувентус, но наводно го чека расплетот на ситуацијата во Барселона, ако замине Осман Дембеле и доколку пропадне најавениот трансфер на Рафиња од Лидс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се шпекулираше дека би можел и во Атлетико Мадрид, но шансите за такво нешто се мали.
„Ќе видиме што ќе се случи. Веќе играв во големи клубови, моето семејство ме следи секаде и секогаш беше тука да ми даде голема поддршка. Ќе се обидеме да го избереме местото каде што и јас и тие ќе бидат среќни. Одлуката се уште не сум ја донел“, изјави Ди Марија.
Аргентинецот е слбооден играч откако истече неговиот договор со ПСЖ, претходно играше за Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Бенфика…