Лестер вчера на свој терен го победи Манчестер Јунајтед со 4:2 во натпревар од осмото коло во Премиер лигата.
На „Кинг Пауер“ стадионот гледавме одличен натпревар во кој Лестер преку пресврт дојде до победа. Гостите до водство дојдоа со голот на Гринвуд во 19. минута, Тилеманс десетина минути подоцна изедначи на 1:1. За потоа во последните 15 минути од натпреварот да гледаме спектакл во кој на крајот Лестер излезе како победник.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После натпреварот медиумите во Англија направија интересна споредба во која го вклучија Роналдо кој вчера не блескаше. Имено, Роналдо беше спореден со 34. годишниот Варди кој својата кариера ја „оживеа“ пред осум години.
Тогаш Роналдо беше на големо во врвот на кариерата и играше за Реал Мадрид. Исто така медиумите се потсетија на 2003 година кога Роналдо дебитираше. Во времето кога Роналдо дебитираше Варди имаше 22 годин и играше за аматерскиот клуб Стокбриџ Парк Стилс. Тогаш тешко дека и самиот верувал дека ќе изгради кариера каква што има денес.
When Cristiano Ronaldo ended his first stint in the Premier League Jamie Vardy was 22 and playing for Stocksbridge Park Steels. Now Vardy has just scored against his team and won… Football is crazy. pic.twitter.com/oNCwfE4kOB
— 101 Great Goals (@101greatgoals) October 16, 2021