Конфликтот помеѓу Едисон Кавани и Нејмар е главна тема на француските, но и на европските медиуми во последно време.
Нејмар и Кавани имаа неколку несогласувања на тренинзите на ПСЖ, но и во текот на натпреварите. Секако, најпозната е нивната караница за изведување на пеналот. Нејмар е тој кој сака да ги изведува пеналите, но Кавани не му дозволи што очигледно го налути Нејмар кој пристигна во Париз да биде првата ѕвезда на клубот.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Сепак, изгледа дека работите колку толку се смирени, а тоа можеше да се види и за време на синоќешниот натпревар во Лигата на Шампионите против Баерн Минхен. ПСЖ славеше со 3:0, а Кавани и Нејмар често се гушкаа и смешкаа еден на друг за време на натпреварот. Уругвајскиот напаѓач по натпреварот беше прашан за односот со Нејмар, а даде многу дипломатски одговор.
„Сите сме различни. Сите имаме различен начин на живеење и поглед на работите. Но, кога сме на теренот, сите работиме како едно семејство, за да ги исполниме заедничките цели, а тоа се победите“, изјави Кавани.
Потсетуваме, двајцата фудбалери синоќа се запишаа во листата на стрелци, а исто така брилијантен беше и Мбапе, кој направи многу проблеми во одбраната на гостите.