Дома Фудбал Останато Кавани вчера беше толку лут од судиската одлука што се обиде да влезе во ВАР собата! (ВИДЕО)

Кавани вчера беше толку лут од судиската одлука што се обиде да влезе во ВАР собата! (ВИДЕО)

ПСЖ во вчерашниот натпревар од француското првенство со 4:1 славеше против Рен.

Три погодоци гигантот од Париз постигна во второто полувреме, после првите 45 минути резултатот беше 1:1. Една ситуација посебно ги налути домашните фудбалери.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тило Керер од ПСЖ беше жртва на жесток старт од страна на Мбаје Нијанг и имаше среќа што не помина со сериозна повреда. Оваа ситуација главниот судија ја проверуваше со ВАР системот, но и покрај тоа процени дека за овој прекршок не треба да го исклучи Нијанг.

 

Ситуацијата се случи пред крајот на првото полувреме, а за време паузата Кавани беше толку лут што се обиде да влезе во ВАР собата за да добие објаснување како противничкиот фудбалер помина без црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Изненадување: Интер ја следи ситуацијата околу Онана

Раководството на Интер внимателно го следи развојот на ситуацијата со голманот на Манчесте…