Трансферот на Кристиано Роналдо е главна тема во светски медиуми вече неколку дена, а посдните информации говорат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Челзи.
Притоа „сините“ имаат и најдобар адут за да го убедат Флорентино Перез. Имено, Роман Абрамович е спремен покрај пари во Мадрид да го испрати и Еден Азар и да го направи најголемиот трансфер во историјата на фудбалот.
Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Парите не се проблем, Челзи има голем буџет за овој трансфер пазар. Притоа Антонио Конте е убеден во работната етика на Португалецот и верува дека со него во тимот „сините“ ќе бидат едни од фаворитите за освојување на ЛШ.
Покрај Челзи, силен интерес за Роналдо покажуваат уште ПСЖ и Манчестер Јунајтед, па во моментов е тешко да се предвиди како ќе заврши оваа сага и каде ќе игра Португалецот следната сезона.