Дома Видео И тој е само човек: Дали го видовте промашувањето на Меси против Рајо?

И тој е само човек: Дали го видовте промашувањето на Меси против Рајо?

Фудбалерите на Барселона во четвртокот во гости го победија Рајо Ваљекано со 2:1 во натпревар од осминафиналето во Кралскиот куп.

Каталонците ја оправдаа фаворитската улога и со пресврт дојдоа до победата и пласман во четвртфиналето, каде ги очекува дуел со Гранада.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


После суспензијата во екипата се врати Лео Меси кој успеа да постигне еден погодок. Но, после натпреварот сите зборуваа за неверојатното промашување на Аргентинецот во финишот на натпреварот.

Меси одлично помина неколку играчи на домашниот тим вклучувајќи го и голманот, но потоа од само метар или два успеа да ја промаши празната мрежа.

Аргентинецот на овој начин покажа дека и тој е само човек.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…