Дома Фудбал Останато И после Инфантино, Инфантино!

И после Инфантино, Инфантино!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) на својата официјална веб-страница потврди дека сегашниот претседател на организацијата Џани Инфантино, ќе биде единствениот кандидат на претстојните претседателски избори.

Инфантино беше единствениот човек која ја истакна номинацијата, а најголем број членови на ФИФА ќе го поддржат на изборите кои ќе се одржат на 5-ти јуни.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во изминатите два месеци се споменуваа неколку лица кои сакаа да го симнат Инфантино од тронот, но откако оценија дека тоа ќе биде невозможна мисија на крајот сепак решија воопшто да не влегуваат во трка со актуелниот претседател.

За потсетување, Инфантино ја предводи ФИФА од февруари 2016 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал Мадрид тргнува по Тонали

Иднината на Сандро Тонали е главна тема во спортските медиуми бидејќи Италијанецот на лето…