Поради учеството на македонската репрезентација на натпреварите во Букурешт е најавено и присуство на македонска полиција.
Како што е најавено покрај домаќините свои тимови на полицијаци ќе имаат Македонија, Австрија и Унгарија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во соработка со романската полиција и надлежните служби на УЕФА, испрати свој тим од 5 полициски службеници кои во периодот од 11.06 до 18.06 2021 година ќе бидат присутни во Букурешт, Романија.Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот“, соопштија од МВР.