Дома Фудбал Италија И Лацио не го запре Интер, Наполи изненаден на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

И Лацио не го запре Интер, Наполи изненаден на „Сан Паоло“ (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни шест натпревари од италијанската Серија А.

Дербито го играа Лацио и Интер.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во натпреварот помеѓу овие два клуба видовме многу шанси, но победникот го одлучи еден гол. Се играше 23-тата минута кога Бираги одлично нафрли, а Д’Aмбросио најдобро се снајде пред голот на Лацио и погоди за 1:0.

Интер така остана лидер на табелата со максимални 15 бодови.

Големо изненадување видовме на „Сан Паоло“ каде што Каљари го победи Наполи со 0:1.

Наполи имаше повеќе шанси, но голови до самиот финиш немаше, а тогаш Кастро во 88-та минута донесе победа на Каљари.

Две минути подоцна исклучување кај Наполи заработи Кулибали.

Серија А останати резултати:

Фиорентина – Сампдорија 2:1

Џенова – Болоња 0:0

Парма – Сасуоло 1:0

СПАЛ – Лече 1:3

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уште еден интересен викенд е пред нас – ќе гледаме и „Ел Класико“! 🎥

Уште малку има до крајот на сезоната. Некаде се знаат шампионите, некаде се уште има борба…