Серхио Рамос неговиот 177. настап во дресот на Шпанија ќе го памети по двата промашени пренали.
Во натпреварот од Лигата на Нации Јан Сомер му одбрани два пенали на стоперот на Реал Мадрид.„ Мечот на крајот заврши 1:1.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
После натпреварот Луис Енрике не сакаше да го критикува својот капитен.
„Не би било фер да го критикувам Рамос. Ако имаше уште три, четири или повеќе пенали тој ќе ги изведеше сите. Имаме листа на изведувачи на пенали, Рамос е прв и ќе го изведе секој додека е на теренот“, изјави Енрике.
Инаку, до вчерашниот натпревар Рамос беше во серија од 25 реализирани пенали.