Реал Мадрид ја игра една од најтешките сезони во историјата на клубот.
„Кралевите“ останаа без шанси за освојување на трофеј во Лигата на шампионите и Копа Дел Реј од каде што се веќе елиминирани, а никој не верува дека можат да стигнат до титулата и во Ла Лига.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Оваа сезона Реал има големи проблеми и со повредите. Во претходните седум дена повреди заработија, Лукас Васкез, Герет Бејл, Винисус и Дани Карвахал, така се продолжи низата на повредени фудбалери на овој клуб оваа сезона.
Повредата на Карвахал е вкупно 41-ва во таборот на клубот од Мадрид оваа сезона, Лекарскиот тим на Реал очигледно не работи баш најдобро, па повредите и тоа како влијаеа на играта на тимот.
Дури 21 играч се повредиле оваа сезона. Единствени кои избегнаа повреди се: Лука Модриќ, Дани Себаљос, Брахим Диаз и Феде Валверде.
Од тие 41 повреда, дури 29 биле со проблеми на мускулите. Карвахал поради повреда на задната ложа пропушти поголем дел од сезоната, а и Васекз поради сличен проблем не беше во комбинација за настап неколку недели.
Герет Бејл исто така повторно е надвор од теренот. Не е позната причината за отсуството, но во текот на неделата поради проблеми одвоено тренираше од тимот.
Поради тоа и не е толку чудно што „кралевите“ играат очајна сезона. Скоро во ниту еден момент Лопетеги и подоцна Солари немале комплетен состав на располагање.