Репрезентацијата на Италија славеше голема победа над Франција во Париз во дуел од Лигата на нации.
Мечот започна фантастично за домаќините кои стигнаа во водство уште после 13 секунди, кога Бартола ја искористи грешката на Лоренцо. Италија се врати и до полувреме израмни со фантастичнкиот гол на Ди Марко.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Во вториот дел по шест минути игра Италија стигна и до целосен пресврт, Фратези ја затресе мрежата по асистенцијата на Ретеги. Распадори на 15-тина минути до крајот ги постави конечните 3:1.