Дома Фудбал Италија Италија може да го следи примерот на Франција, Галиани предупредува: Тоа ќе биде смрт за Серија А

Италија може да го следи примерот на Франција, Галиани предупредува: Тоа ќе биде смрт за Серија А

Министерот за спорт на Италија, Винченцо Спадафора е песимист за ре-стартот на Серија А и сериозно размислува да се примени принципот на Франција.

Франција вчера и официјално ја затвори сезоната и забрани спортски настани и активности до септември, а Италија исто така размислува да стави крај на сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Им препорачувам на претседателите на клубовите веќе да размислуваат за следната сезона. Многу е подобро да размислуваме како да ја започнеме следната сезона безопасно. Француското првенство нема да биде последното кое ќе биде прекинато. Како министер би бил глупак да не сакам да продолжи Серија А, фудбалот носи пари во целиот систем, но ситуацијата е таква“, изјави министерот.

На ваквата изјава жестоко се спротиставија фудбалските клубови, а Адриано Галиани изјави дека тоа ќе биде „смрт“ за Серија А.

„Доколку Премиер лигата, Бундеслигата и Примера продолжат, а ние не, тоа ќе биде смрт за Серија А. Нашата лига повеќе нема да биде конкурентна во Европа“, тврди Галиани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…