Италија е новиот шампион на Европа, откако беше подобра од Англија во финалето после изведувањето на пенали.
Херој за Италијанците беше голманот Џанлуиџи Донарума, кој успеа да ги одбрани ударите на Санчо и Сака.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англичаните одлично го отворија мечот и го постигнаа најбрзиот гол во историјата на финалињата на Европските првенства, откако Лук Шо после само една минута и 57 секунди го матираше Донарума.
Италијанците потоа се освестија од првичниот шок и заиграа подобро, но не успеваа да создадат чиста шанса за гол. Во 35-та минута Киеза имаше одличен продор, но биеше покрај стативата.
Англија после голот играше внимателно и спорадично се закануваше по голот на Италија, па на одмор замина со предност.
Во второто полувреме Англија како да се повлече и чекаше грешка на Италијанците, па само прашање на време беше кога ќе дојде до израмнување.
Во 66-та минута после еден корнер најспретен во казнетиот простор беше Бонучи, кој го матира Пикфорд и ги врати работите на почеток.
Откако и после 120 минути игра беше реми, победникот се решаваше на пенали. Белоти и Жоржињо промашија кај Италијанците, а Рашфорд, Санчо и Сака не погодија кај Англија.