Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Италија вечерва игра за четвртфинале, но и за рушење на два големи рекорди

Италија вечерва игра за четвртфинале, но и за рушење на два големи рекорди

Италијанската репрезентација која е непоразена веќе на 30 натпревари против Австрија од 21:00 часот ќе игра за четвртфинале на Европското првенство, но и за два рекорди.

Ако Италијанците останат непоразени против Австрија ќе го срушат рекордот по бројот на натпревари без пораз. По 30 натпревари во низ Италијаните не изгубиле од 1935 до 1939 години и Французите од 1994 до 1996. Вечерва оваа Италија има прилика да го одигра 31 натпревар без пораз.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Аѕурите“ бркаат и рекорд по бројот на минути без примен гол. Избраниците на Манчини не примиле гол на последните 1056 минути. Славеа во 11 натпревари во низа без примен гол, а рекордот го држи генерацијата на Дино Зоф од 1972 до 1974. Тој рекорд од 1143 минути ќе биде срушен ако Италија вечерва не прими гол до 87 минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…