Дома Фудбал Италија Италијанците удрија по Пјаниќ: Очаен е и не го заслужува интересот на Барселона!

Италијанците удрија по Пјаниќ: Очаен е и не го заслужува интересот на Барселона!

Mиралем Пјаниќ во последниот период на големо се поврзува со Барселона и поради тоа неговиот настап против Милан вчера се следеше со посебно внимание.

Пјаниќ на теренот помина 60 минути кога Сари се реши да го помени скоро целиот среден ред и за тој еден час игра Босанецот не покажа скоро ништо.


1/8 финале: Италија и Германија фаворити, но ... ↓↓↓


Медиумите во Италија не штедеа критики за 30 годишниот фудбалер, „Газета дело Спорт“ пишува дека Босанецот само продолжил со лошите игри од пред прекинот. Не беше поштеден ниту од „Кориере дело Спорт“ кој смета дека Пјаниќ не го оправдал интересот од Барселона.

Оценките исто така покажуваат дека Пјаниќ одигра крајно лошо.

„Газета“ го оцени со 5.00, како и „ТутоЈуве“, „Тутомеркато“, „Кориере дела Сара,“ и „Тутоспорт“ го осценија нешто подобро 5.5.

Дека и пред прекинот Пјаниќ не беше во форма Сари јавно потврди пред неколку дена:

„Миралем е фантастичен играч, но не може да си дозволи да игра лошо како што тоа го направи во 4-5 натпревари. Разговарав со него, но не можеше да се опорави од тие лоши натпревари. Мора да разбере дека големите играчи можат да направат грешки, мора да покаже дека е голем и да реагира“, гласеше тогаш изјавата на Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Официјално: Станишиќ во Баерн до 2029

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Јосип Станишиќ, ја продолжи верноста со клубот. Станишиќ беш…