Aко судиме според информациите кои вечерва пристигнуваат од Италија, доаѓа крајот на циклусот на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид.
Вестите од Италија се дека раководството на Атлетико Мадрид му дало дозвола на Симеоне да бара нова средина после слабите резултати. Аргентинскиот стратег ги одведе „јорганџиите“ до врвот на европскиот фудбал, под негово водство играа две финалиња во ЛШ, ја освоија Лигата на Европа и Ла Лига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Симеоне има договор до 2024 година и е еден од најплатените тренери во светот. Меѓутоа исто така има клазула за раскин на договорот ако изостане пласман во Лигата на шампионите. Такво нешто беше блиску минатата сезона, но Атлетико сепак заврши во топ 4.
Кариерата аргентинскиот стратег би можел да ја продолжи во Интер каде што некое време се бараат нови газди. Интер и претходно имаше контакти со Симеоне, но поради неговата висока плата договорот не беше можен. Ако навистина дојде до промена во раководството наскоро, Симеоне тогаш би можел да биде опција.