Дома Македонски спорт Италијанците откриваат: Елмас побарал трансфер, Џунтоли и Спалети го убедиле да остане

Италијанците откриваат: Елмас побарал трансфер, Џунтоли и Спалети го убедиле да остане

Италијанските медиуми утрово пренесуваат дека Елиф Елмас изминатото лето сакал да си замине од Наполи, меѓутоа спортскиот директор Кристијано Џунтоли заедно со тренерот Спалети го убедиле да остане.

„Телевормеро“ прв ја пренесе оваа информација тврдејќи дека Елмас побарал трансфер. Во тој период македонскиот „дијамант“ се поврзуваше со Милан, а Елиф не сакал да биде „џокер“ од клупата туку сакал поголема улога во тимот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Џунтоли и Спалети на разговорот за неговата иднина успеале да го предомислат да остане во Наполи.

„Џунтоли го поддржа Спалети и го убедија Елмас да остане. Му објаниле дека е важен член на Наполи и посебно го мотивирале Македонецот да биде уште подобар.

Токму затоа не е случајност што Елмас ја игра својата најдобра сезона од кога е во клубот, според голгетерскиот ефект со неговите пет гола ги надмина сите досегашни“, објави медиумот.

По Мундијалот Елмас во Катар Елмас доби посериозна минутажа и таа ја искористи на најдобар можен начин и во овој момент тој трет стрелец во клубот зад Кварцхелија и Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…