Дома Фудбал Италијански медиуми: Влаховиќ потпишува нов договор со Јувентус. Еве колку ќе заработува

Италијански медиуми: Влаховиќ потпишува нов договор со Јувентус. Еве колку ќе заработува

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ е подготвен да потпише нов долгорочен договор со Јувентус, а неговиот агент ќе се сретне со клубот во наредните недели, пренесуваат италијанските медиуми.

24-годишниот Србин игра во одлична форма во последните недели, постигна девет гола на последните седум првенствени натпревари.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Газета дело Спорт“ пишува дека Влаховиќ во Торино од ова лето треба да заработува 12 милиони евра по сезона. Влаховиќ е подготвен да потпише ново двегодишно продолжување на договорот и со тоа да го продолжи договорот до јуни 2028 година.

Српскиот напаѓач веќе го известил својот агент Дарко Ристиќ дека може да потпише нов договор со Стара Дама, а позитивни биле првите разговори со спортскиот директор Кристијано Џунтоли. Се очекува двете страни да се сретнат кон крајот на пролетта за да ги финализираат деталите од договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Собослаи: Среќен сум во Ливерпул и сакам да останам

ДОМИНИК СОБОСЛАИ ја истакна својата посветеност кон Ливерпул додека клубот се спрема да по…