Дома Трансфер зона Италијанските гиганти ја сакаат ѕвездата на Селтик

Италијанските гиганти ја сакаат ѕвездата на Селтик

Милан и Јувентус се силно заинтересирани за напаѓачот на Селтик, Одсон Едуард, пренесува „Скај Спорт“.

Едуард игра одлично во Селтик и го привлече вниманието на многу европски клубови, а би можел кариерата да ја продолжи во Серија А.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Едуард потекнува од школата на ПСЖ од каде се пресели во Селтик и сезонава на 20 меча има постигнато 10 гола.

Тој има договор со шкотскиот клуб до јуни 2022 година, но Селтик е спремен да го пушти во јануари доколку пристигне адекватна понуда.

Италијанските гиганти стапиле во контакт со агентот  на напаѓачот и веќе ги започнале преговорите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…